Жeна се породила во сон: Го кренав јорганот за да станам и гледам бебе во креветот!

Приказната која ги шокираше многумина се појави неодамна на популарната мрежа ТикТок која една мајка го поделила своето искуство со необичното породување.

Имено, Ејми Данбар раскажала како поминала 12 часа во болница надевајќи се дека ќе се породи брзо. По 12 саати агонија таа побарала епидурална анестезија поради неподносливата болка и набрзо потоа заспала.

Медицинската сестра влегла во нејзината соба дури спиела и забележала дека Ејми има силни контракции но поради анестезијата не чувствувала болка па оттаму и не се разбудила, пишува Мирор.

-Сестрата ме разбуди и ми кажа дека е изгубен срцевиот ритам кај бебето. Побара од мене да се свртат велејќи дека веројатно и бебето е во друга позиција во стомакот. Го кренав чаршавот за да се свртам полесно и бебето беше на креветот. Јас буквално се породив самостојно и во сон, вели Ејми.

Таа и додава дека силните контракции кои сестрата ги забележала биле последните.

Лекарите и сестрите веднаш влетале во собата бидејќи бебето не плачело, но по прегледот било утврдено дека нејзината ќеркичка е добра.

-Беше страшно но за среќа се помина добро, вели Ејми во видеото кое го привлече вниманието на корисниците на ТикТок.

Дел од нив и се пошегувале дека девојчето е веќе независно.

You might also like
Menu