Интересен факт: секој град во светот е изграден од маж

Изминативе четири години, Барселона има жена градоначалник која предводи феминистичката агенда. БиБиСи штотуку објави детали за овој град. Секој град треба да биде направен за сите нас, но не сите го имаат направено тоа. Скоро секој град на оваа планета е изграден од мажи, но што имаат жените да направат?

Одговорот на тоа прашање може да биде за нас Барселона. Изминативе четири години, овој град има жена градоначалник која предводи феминистичката агенда. БиБиСи донела извештај за овој град, додека репортерот Стефани Хегарти разговарал со феминистки кои работат на урбанистичко планирање за градот и изнаоѓање на решение да го направи градот подобар за жените.

Тоалети- „Психолошки, на жените им треба многу почесто тоалетот, бидејќи уринарниот тракт е пократок, но и поради менструалниот циклус“, рече планерката Сара Ортиз. Мајките велат дека не можат да користат јавни тоалети затоа што не можат да донесат бебе внатре. Повеќето истражувања покажаа дека жените трошат три пати повеќе време во тоалетот за разлика од мажите.

Игралишта- Според известувачот, верувајте или не, уште од детството, просторот што го користиме е многу поделен. Дури и игралишта. – Ако размислувате за правилен дизајн, обично завршувате со голем празен простор во средина. И тогаш сите надвор од оградата гледаат во една голема активност – вели Дафне Салдана, архитект. Таа активност е обично фудбал. Сепак, едно дизајнерско трио реши да создаде игралиште каде секој ќе има еднаков пристап. Така, тие го поделија просторот користејќи патеки и клупи.

Кога станува збор за транспортот, градот е дизајниран да биде мажот во главен фокус. Статистичките податоци покажуваат дека жените одат пеш и користат јавен превоз повеќе од мажите, а дека тие одат повеќе со автомобил. Значи, движењето на жените е многу поодржливо – вели Сара Ортиз. Кога градот вложува големи напори да ги натера луѓето да користат јавен превоз, треба да размислат за жени.

Извор: The Gentleman

Слични Вести
Menu