Нова мода во Виена: семејствата не сакаат да имаат автомобил

Според актуелната анализа на „Сообраќаен клуб на Австрија“ (ВЦО), во последните 10 години во главниот град на Австрија бројот на домаќинства што не користат автомобил е зголемен за 25 отсто.

Најновите податоци покажуваат дека вкупно 430.000 домаќинства не поседуваат автомобил.

Во 2013 година оваа бројка изнесуваше 345.000. Во 2020 година 73 отсто од жителите во Виена пешачеле, користеле јавен превоз или возеле велосипеди секој ден.

ВЦО верува дека постои голем потенцијал за раст на овој процент, преку проширување на инфраструктурата за велосипедизам, подобрување на понудата за јавен превоз и споделување автомобили (car sharing) пред сѐ, надвор од Виена, кога автомобилот најмногу се користи за семејни посети или екскурзии. Исто така, можно е и проширување на понудата „рејл & драјв“, односно услугата за споделување автомобили на железнички станици.

– Густата јавна транспортна мрежа и локалното снабдување се главните причини за некористење на автомобилите. Автомобилот за движење во Виена не игра голема улога. Вториот автомобил, со кој просечно се прават 6.400 километри годишно, поседуваат само 100.000 домаќинства. Ова значи дека автомобилите не се во употреба ни половина час во текот на денот – објаснува експертот за сообраќај Михаел Швендингер. Првиот автомобил поминува 12.400 километри, што значи дека тој стои на паркингот поголемиот дел од времето.

Извор: 6yka.com

You might also like
Menu