Рајски поглед: куќички од бајките во џунглите на Костарика

Невообичаената форма на куќите потекнува од природата, со цел да се вклопи во нивната околина што е можно похармонично.

Инспирирани од овалната форма на семето, вилите бришат јасни граници помеѓу екстериерот и ентериерот за да им овозможат на посетителите уникатно искуство.

Комплексот вклучува пет помали индивидуални структури поврзани со пространи платформи, како и голема тераса „Крило“, разноврсен простор што служи за различни намени.

Објектите се дел од одморалиштето „Art Villas“ – уникатно одморалиште каде дизајнот и архитектурата хармонично се мешаат со природната средина, џунглата и рајските плажи.

Колибите Коко се поврзани со патеки и платформи кои „лебдат“ високо над земјата, и им овозможуваат на гостите и сите колиби да пристапат до централниот објект Коко што служи како заедничка дневна соба, кујна и трпезарија.

Внатрешноста на куќата е украсена од чешката архитектонска фирма „Формафатал“. Воздушниот и светлиот ентериер е поделен само со потребните прегради со цел да се одделат различните зони на куќата – спалната соба, бањата и гардеробата.

Креветот е опкружен со заштитна мрежа која штити од инсекти и истовремено го формира јадрото на куќата „Коко“, која го следи обликот на надворешните sидови.

Посебниот шарм на вилите го обезбедуваат импресивните наслони на креветот, изработени од плетен конец и канап, со различна комбинација на бои во секоја куќа.

Една од карактеристиките на ова необично одморалиште е тоа што секое негово крило е дизајнирано и опремено од различна архитектонска фирма.

Така, покрај куќите „Коко“ и терасата „Крило“, во рамките на одморалиштето има и вили „Ателје“ и „Арт“ вили со бесконечен базен, што се карактеризира со различен дизајн, но иста отвореност и поврзаност со природната средина.

Слични Вести
Menu