Анџелина Џоли му се врати на првиот сопруг

Анџелина Џоли (46) излегла од автомобилот и била забележана како вегува во куќата на Џони Ли Милер (48) во Бруклин.

Во едната рака имала скапа чанта, а во другата шише со скапо вино, велат сведоците кои ја виделе познатата актерка во петокот вечерта. Затоа веќе се шпекулира дека Анџелина ја обновила врската со нејзиниот прв сопруг, британскиот актер Милер.

Со него се омажила во 1996 година кога имала 21 година. Актерот кој глумеше во филмот ‘Trainspotting’ ја запозна Анџелина на снимањето на филмот ‘Хакери’ во 1995 година, а шест месеци подоцна тие се венчаа. Многумина се сеќаваат дека во тоа време таа носеше маица на која го напиша неговото име во сопствената крв.

Слични Вести
Menu