Убавата актерка го роди синот Хан во март, но „гласините“ за распадот на бракот на еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит Ергенч и неговата 12-годишна помлада сопруга Бергузар Корел, не запре пред два месеци.
Познатите турски ѕвезди, Бергузар Корел и Халит Ергенч, го очекуваат своето трето дете.
Турската актерка вестта за бременоста ја сподели со своите фанови на својот „Инстаграм“ профил. Добрата вест и пристигнала среде снимање на нов проект, кој и е прв по паузата од три години.
„Откако не бев на малите екрани три години, за време на повеќемесечна подготовка за улогата во серијата ’Проклетиот Кнали’, дознав дека сум бремена.
Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојот карактер.

Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го направив со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект“, напиша актерката.
Бергузар Корел, актерка попозната како убавата Шехерзада, тогаш на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот сопруг Халит, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот, чекаат трето дете.
Последните три години не ја гледавме во телевизиски проекти, а потоа, кога започна да снима нова серија, мораше да ја прекине бидејќи остана во блажена состојба.
Иако не ја планирале бременоста и тоа ги изненадило, извори блиски до парот велат дека се многу среќни поради уште едно бебе кое ќе пристигне во семејството.
Таа неодамна за медиумите изјави дека се здебелила 16 килограми за време на бременоста, но дека за сето тоа се грижи. Актерката пред неколку часа на Инстаграм објави дека се раѓа девојче .