Економистите на Дојче банк со стpaвично пpeдупредување: Седиме на темпиpaна бомба!

Понатамошното игнорирање на инфлацијата ќе ја одведе глобалната економија до голема криза, се вели во последниот извештај издаден од економисти на „Deutsche Bank“, кои вперуваат прст кон американската политика за печатење пари.

Најголемиот германски кредитор предупреди дека невидените количини на пари во оптек се инјектираат во економијата, додека стравувањата од инфлација се отфрлаат, ова ќе доведат до огромна економска катастрофа, ако не во догледно време, тогаш во 2023 година и понатаму со сигурност.

Извештајот укажува дека монетарниот стимул на САД „одзема здив“ и наводно, може да се спореди со оној забележан за време Втората светска војна.

„Тогаш, дефицитот на САД изнесуваше помеѓу 15-30% за четири години. Иако постојат многу значајни разлики помеѓу пандемијата и Втората светска војна, ќе забележиме дека годишната инфлација била 8,4%, 14,6% и 7,7% во 1946, 1947 и 1948 година, откако економијата се нормализира и се ослободи засилената побарувачка“, забележуваат економситите од „Deutsche Bank” во извештајот.

Експертите предвидуваат ужасни ефекти од новата рамка на Федералните резерви која поддржува толерирање на повисока инфлација во корист на целосно закрепнување на економијата на земјата по „локдаунот” предизвикан од пандемијата на Ковид-19.

„Последица на доцнењето ќе биде поголемо нарушување на економската и финансиската активност отколку што би било случај Федералната банка на САД конечно да постапи“, напишаа економистите на „Deutsche Bank” во првиот извештај од новата серија, насловен „Инфлација: дефинирачка макро приказна за оваа декада“.

„За возврат, ова може да создаде значителна рецесија и да предизвика ланец на финансиски проблеми низ целиот свет, особено на пазарите во развој“, се додава во извештајот.

Според аналитичарите на банката, занемарувањето на инфлацијата ги остава глобалните економии „да седат на темпирана бомба“.

You might also like
Menu