Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, неодамна го прослави 75.роденден, но како што пренесува “Дејли Стар” се чини дека на забавата ја немало Меланија.
Снимките од роденденот ги објави неговиот син Доналд Трамп Јуниор, а на нив ја нема Меланија. Некои од медиумите пренесоа дека Меланија претходно објави роденденска честитка за роденденот на нивниот син Барон, но тоа не го направила за роденденот на нејзиниот сопруг.