Состојки:
- 5 листа марула
- 1 ротквица
- 3 лажици варена киноа
- 100 гр печен зеленчук ( боранија, моркови и брокула )
За Сос: - 1 лажица сенф
- 1 лажица балсамико
- 1 лажиче мед
Подготовка:
- Зеленчукот го печете во Air Fryer со сол и мешан, сув зачин. За оваа салата го оставате да се излади. 2. Марулата и ротквицата ги сецкате, а во длабок сад ги ставате марулата, ротквицата и печениот зеленук. Потоа ги додавате изладената варената киноа. Посолувате и ставате малку маслиново масло.
- Во длабок сад ги ставате сенфот, медот и балсамикот. Промешувате, и сосот го ставате врз салатата.
На здравје!