Група мажи од Њу Џерси што отишле на риболов изминатиов викенд биле шокирани кога откриле дека на јадицата им се закачила голема бела ајкула.
„Првпат ми е. Бебе голема бела ајкула, го фативме денес на километар од плажата“, напиша на Фејсбук групата Иновативно спортско рибарење, додавајќи ги хаштаговите #jaws и #sharkweek.
Капетанот на групата, Џеф Ворфорд, рече дека додека риболовеле во неделата, нешто им ја гризнало јадицата. Суштеството удрило во бродот, пливајќи под неговиот лак и се борело 15 минути додека Ворфорд да ја намота трската.
„Не знаев што е“, вели рибарот. „Тогаш ја видов и си реков ‘боже, ова е голема бела’.“
Ајкулата била долга околу два метри и се чинело дека е бебе. Варфорд верува дека токму затоа и се фатила на јадицата.
„Мислам дека беше младо и глупаво, толку знае“, вели тој. „Поголемите големи бели знаат дека нешто не чини кога ќе ја видат јадицата. Ова младово очигледно само било гладно и не било доволно паметно за да види дека храната е закачена на јадица“.
blob:https://www.facebook.com/fa074de3-9f34-4db5-8281-1ce00465e06d
Откако сфатиле што е, тој и неговиот екипаж го пуштиле предаторот назад во морето – за што рече дека му требале 20-тина минути за да го изведе безбедно со „суперагресивната“ риба.
За среќа на ајкулата, Варфорд ја уловил со специјална „кружна кука“, за која вели дека не прави трајна штета.
„Тоа беше кул искуство“, вели Варфорд. „Се надевам дека не ми е последно, но најверојатно ќе биде.“