ВИТАМИНИ кои ги сака кожата

Витамините се есенцијални нутриенти кои учествуваат во многу важни телесни функции, како што е и одржувањето на кожата, како најголем орган. Најпознати витамини за кожата секако се А, Ц и Д, но и други кои имаат своја улога во одржувањето на функцијата и здравјето на кожата.

Денес витамините за кожа често се наоѓаат во концентрирани форми во козметичките производи и додатоците на исхрана.

Витамин Ц

Еден од најсилините природни антиоксиданти, витаминот Ц, познат е по својата улога во синтеза на колагенот. Протеинот колаген учествува во одржување на структурата и цврстината, а губењето на колагенот резултира со постар и поопуштен изглед на кожата. Овој витамин го поттикнува растот на ткивата и го јакне имунитетот на кожата.

Исто така, витаминот Ц:

Спречува настанување на оксидативен стрес со елиминирање на дејството на слободните радикали

Ја обновува функцијата на витаминот Е

Делува против пигментациските флеки на кожата

Витамини од Б-групата

Одржувањето на влажноста на кожата е клучно за нејзин здрав и блескав изглед. Витамините од Б-групата помагаат за балансирана хидратација на кожата и истовремено го подобруваат и изедначуваат тенот. Влијаат и на минимизирање на порите и контрола на лачењето на себум, а ја обновува и кожната бариера.

Витаминот Е го забрзува лекувањето на оштетената кожа и се бори против штетното влијание на слободните радикали.

Витамин Д е еден од витамините кои нашето тело може само да ги синтетизира.

Витаминот К2 во однос на нега на кожата се користи за третирање на стрии, намалување на лузни и намалување на проширени капилари.

You might also like
Menu