Првата дама на Франција во тесни фармерки

Францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит Макрон започнаа со еднодневна посета на северот на Франција. Тие го посетија родното место на францускиот писател Жан де Лафонтен во општината Шато-Тиери лоцирана во одделот Ајсен.

Жан де Лафонтен е роден во 1621 година и се прослави со делата „Басни и бајки“ и „Приказни во стих“, а последното издание на неговите басни беше објавено во 1693 година. Претседателот и првата дама го посетија локалното училиште за да разговараат со учениците за познатиот писател и неговите дела, но и за важноста на читањето и образованието.

Потоа се упатија кон замокот Вилерс-Котретс, кој во моментов се реновира. Првично е изграден во 950 година и бил изгорен двапати пред да биде обновен од камен, на почетокот на 12 век.

Првата дама и во оваа пригода му беше верна на својот стил. Фармерки, сако и чевли со високи потпетици се дел од нејзината стандардна униформа, па овој пат ја одбра истата комбинација.

Таа комбинираше класична бела маица со тесни фармерки, бела јакна и чизми до глужд.

Слични Вести
Menu