Мостот Пелешец се повеќе го добива својот финален изглед. Мостот треба целосно да биде завршен на почетокот на следната година , а пристапните патишта неколку месеци подоцна.
Договорот за изградба на мостот со пристапни патишта вреден 2,08 милијарди куни беше потпишан на 23 април 2018 помеѓу претставници на хрватски патишта и кинескиот конзорциум Кина Роуд и Бриџ Корпорејшн. 85 проценти од трошоците се финансираат од фондовите на ЕУ.
Целиот мост треба да биде подготвен за сообраќај на крајот на јуни 2022 година, непосредно пред почетокот на туристичката сезона.
Снимките од воздух се фасцинантни: