Кинeзите за еден ден, односно за само 28 часа изградиле 10 катница.
Деловите од секој кат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани. Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбата на болници, хотели и канцелариски објекти.
„Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење“, изјавиле од компанијата.
Во екот на пандемијата, Кинезите експресно градеа болници. .