Еден од најдобрите македонски композитори, Тоде Новачески поранешен сопруг на пејачката Маријана открива дека боледува од рак на белите дробови и прозборе за разделбата со Маријана.
Тоде и денес важи за еден од најдобрите македонски музичари. Познат е по неговите антологиски песни кои ги напиша за нив две, “А, од љубов не се бега”, “Ако не исчезнам” , “Признавам” и многу други.
Во интервјуто за Свет Австралија искрено раскажуава за најтешките моменти во неговиот живот. За грешката која ја направил кога заминаа од Македонија за да живеат во Австралија, за разводот со Маријана и неговата борба со ракот која ја води веќе две години.
-Иако мојот рак на белите дробови нема никаква врска со КОВИД 19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа речиси исти. Од една страшна инфекција која ја добив заедно со грипот и по недобро направена дијагноза , болеста метастазираше и ме потресе физички и психички , открива Тоде за Свет Австралија.
Тој вели дека иако е свесен дека секој ден за него може да биде последен , се обидува да биде позитивен , ведар, спокоен, мотивиран и со желба за живот како никогаш досега.
Тоде открива и за односнот со неговата поранешна сопруга Маријана и нивните деца. Вели дека за ќерка му Билјана може да зборува со денови , а во исто време е благодарен што Маријана не дозволила нивната разделба и развод негативно да влијаат на врската со нив.
Проблемите за нив, Тоде вели дека почнале од моментот кога одлучиле да останат во Австралија.
-Децата ни се најмалку виновни за неодразбирањата во нашата врска. По две децении од разводот , јас сега јасно ги гледам моите слабости кои ги имав во тој период. Ова го тврдам иако сум свесен дека разликите помеѓу нас почнаа да се зголемуваат токму во моментот кога одлучивме да останеме во Австралија. А, одлучивме затоа што наместо да заработиме за намештај во станот во Скопје, ние тешко заработените пари од нивните настапи ги трошевме за друго , вели Тоде.
За животот во Австралија, вели дека го изменил до тој степен , што се чувствувал како губитник на кој не му успева ништо. Вели не успеал да си најде работа во својата професија, ниту да го заштити семејството од разни глупости кои доаѓале од примитивци и кои ги принудиле да одат по австралиски судови.
-Тука се и заканите по живот кои ни стигнуваа напишани на македонски јазик , стравот дека целата работа и нашиот скромен имот виси на конец од истите тие луѓе кои ни доаѓаа на кафе и ни се правеа пријатели. Тоа мене лично ме направи неспособен, искрено зборува Новачески.
извор/фото: Свет Австралија