Бен Афлек ќе ја запроси Џеј Ло по вторпат и тоа на нејзиниот роденден?

Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез за нејзиниот 52 роденден, кој ќе го прослави следниот месец, тврди извор близок до парот.

Холивудската двојка ја обнови врската во мај, 17 години откако славно ја раскинаа свршувачката само еден ден пред венчавката во 2003 година.Сега, извор близок до парот потврди дека парот продолжил таму каде што застанале пред толку години и бараат заедничка иднина.

„Бен сака да и даде уште една шанса на нивната љубов и планира романтичен предлог на 52-от роденден на пејачката на 24 јули“, изјавил изворот за списанието „Клосер“.

Пред тоа, Бен ја запроси Џенифер со розов прстен со дијамант од 6,1 карати во 2002 година по двомесечна врска. Парот го наведе прекумерното внимание на медиумите како причина за нивното раскинување.

Пет месеци по раскинувањето, Џенифер се омажи со пејачот Марк  Ентони, со кого има близнаци. Пред Марк, таа беше омажена за келнерот Ојани Ноа и танчерот Крис Џудо. Двата брака траеја околу една година.

Бен се омажи со холивудската актерка Џенифер Гарнер по раскинувањето со Лопез.

You might also like
Menu