Брижит Макрон повторно во младешка комбинација

Француската прва дама направила моден „исклучок“ во Париз, па привлекла големо внимание, а луѓето велат дека изгледа навистина помладо.

На 21 јуни се прославувал Светскиот ден на музиката, а идејата за овој ден настанала вo Франција во текот на 70-те години на минатиот век.

На тој ден музиката владеела на улиците на Париз, но одржани биле и концерти во Елисејската палата.

Францускиот претседател Макрон и првата дама биле дел од прославата, а особено бил забележителен модниот избор на Брижит.

Во текот на говорот на Макрон, француската прва дама носела елегантна модна комбинација, а истата се вклопува во нејзиниот класичен стил.

Станува збор за убав миди фустан во светла нијанса на боја.

За вечерта Брижит избрала да носи лежерна комбинација во каква што речиси никогаш не ја гледаме.

Таа облекла бела маица, црн дуксер, а над него носела бело сако.

Панталоните во црна боја какви што често носи, oвојпат ги комбинирала со патики.

Очигледно дека ваквата лежерна комбинација е вистински исклучок кога станува збор за класичната елеганција на првата дама, но нема сомнеж дека визуелно изгледала помладо.

You might also like
Menu