Во Шангај отворен највисокиот хотел во светот

ајвисокиот луксузен хотел на светот, со ресторан на 120-ти кат и 24-часовна лична батлер служба официјално започна со работа во Шангај.

Лифтовите ги носат гостите со брзина од 18 метри во секунда до 165-те раскошни соби на хотелот „Џеј“ („J“).

Хотелот ги зафаќа последните катови на Шангајската кула од 632 метри во финансискиот кварт на градот, втората по височина зграда во светот по Бурџ Калифа во Дубаи.

Неговото отворање беше одложено делумно поради пандемијата на коронавирусот, но хотелот сега започна да прима гости. Тие можат да уживаат во еден од седумте ресторани на хотелот, барови, спа центар, како и базен на 84-ти кат.

За да го прослави своето отворање, хотелот нуди „специјална понуда“ од 3.088 јуани (400 евра) за една ноќ, додека едно ноќевање во луксузен апартман и сауна викендов чини речиси 8700 евра.

You might also like
Menu