Принцот Хари се врати во Лондон

Принцот Хари слета во Велика Британија за церемонијата на откривање на статуа за неговата покојна мајка.

Се очекува Хари пет дена да се самоизолира во викендицата Фрогмор во Виндсор пред да се сретне со неговиот брат Вилијам на 1 јули во платата Кенсигтон на 60. роденден на принцезата Дијана.

Неговата сопруга Меган Марк и децата Арчи и Лилибет останаа во Калифорнија.

На меѓународниот аеродром во Лос Ангелес имало непријатна сцена. Како што јавуваат западните медиуми, пред Хари да влезе во авионот автомобил ја пробил оградата и удрил во објектот принудувајќи службените лица накратко да ги затворат пистите.

Возачот е приведен, а на аеродромот е забележано големо полициско присуство.

Слични Вести
Menu