Саша Поповиќ пресече: Шармантниот Македонец оди во финалето – КАРЛЕУША воодушевена, за неа тој веќе е Гранд ѕвезда

Мите Стоилков во полуфиналната вечер од Ѕвездите на Гранд се натпреваруваше во дуел со Садик Хасановиќ.

Тие и двајцата го воодушевија жирито со своите маестрални настапи, па на крајот и двајцата добија максимални гласови.

Потоа и во прегласувањето резултатот беше изедначен, по што конечната одлука беше во рацете на Саша Поповиќ.

Но претходно секој од членовите во жирито мораше да даде коментар зошто така гласал за кандидатите, по што следуваше тешката одлука на Поповиќ.

Покрај Мите Стоилков директно во спектакуларното финале помина и Македонката Марија Груевска.

You might also like
Menu