Во Шведска вишокот храна се остава на јавни места за да се хранат луѓето кои немаат

Наместо да се фрла, храната во Македонија може да се даде на сиромашните семејства или на бездомниците. 

Таков е примерот во Шведска. Семејствата кои имаат вишок храна, истата убаво ја пакуваат и ја оставаат на јавно место, со цел да ја земат оние кои се гладни и им е потребна. 

Колку оваа идеја може да заживее во Македонија? 

Во земјава се фрла речиси една четвртина од вкупното количество храна со која располагаат маркетите, рестораните, производителите и дистрибутерите. Најмногу храна фрлаат дистрибутивните ланци чии производи се со краток рок на траење, потоа следат рестораните и домаќинствата.

Македонија се наоѓа меѓу седмото и осмото место по фрлање храна во светот гледано според бројот на жители. САД најмногу фрлаат храна во глобални рамки.

Слични Вести
Menu