Еве зошто е добро да водите љубов со музика!

Овој пат ќе ја прескокнеме приказната за најдобрите изведувачи, песни и жанрови што треба да ги слушате додека водите љубов, но пред сè ќе објасниме кои се придобивките од слушањето музика за време на сексот и како тоа го зголемува задоволството за време на оваа активност.

Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме

Луѓето не реагираат на музиката свесно, туку спонтано. Тие климаат со главата кон нејзиниот ритам и свиркаат или пеат заразна мелодија, а често и потпевнуваат, без разлика дали се во друштво или сами во станот. Музиката ни дава чувство на слобода, што е подеднакво важно и при водењето љубов, кога секое прекумерно размислување е излишно.

Слушањето музика го намалува стресот

Стресот е наш голем непријател во кревет. Може да спречи да не возбудиме доволно и да спречи воопшто да имаме сексуални односи. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите што ги окупираат нашите мисли и саботираат интимни моменти со партнерот.

Слични Вести
Menu