Откритието во Израел од темел ја тресе теоријата за потеклото на човекот!? Што е точно откриено во Нешер Рамла?

Новите ископувања на археолошкиот локалитет Нешер-Рамла во Израел докажуваат дека предците на неандерталците постоеле подолго време во регионот на Левантот.

На длабочина од осум метри беа пронајдени животински коски, камени алатки, скоро целосна десна темена коска на черепот и скршена лева париетална коска, како и многу добро сочувана долна вилица со заби.

Откриено е дека остатоците се стари меѓу 120 и 140 000 години. Меѓународен истражувачки тим предводен од виенскиот антрополог Герхард Вебер откри дека пронајдените остатоци не припаѓаат на класичниот неандерталец, туку на посебен вид што е комбининација на архаични одлики со неандерталски одлики.

Досега се веруваше дека неандерталците се развиваат во Европа пред неколку стотици илјади години и дека само подоцна, пред околу 70 000 години, тие ги населија областите во Западна и Централна Азија. Истражувачите од универзитетите во Виена, Тел Авив и Ерусалим се спротивставуваат на сегашната доктрина со своите наоди.

Тие претпоставуваат дека размената на население меѓу Европа и Азија постои многу долго време и дека развојот на неандерталците не е ограничен на Европа.

Како еволуирале неандерталците и современите луѓе е едно од највозбудливите прашања во историјата на еволуцијата. Тие се толку слични што е можно мешање и секој од нас сè уште носи некои нивни гени во себе. Неандерталците исчезнаа како население пред 40 000 години.

Гледајќи ги фосилите, прво помисливме дека се работи за нетипичен неандерталец. Сепак, со методот на виртуелна антропологија, откривме дека станува збор за посебен вид на човек. Черепот има архаични одлики со примеси на неандерталски одлики. Сличен е со фосили пронајдени во Источна Азија, но тоа не можеше точно да се утврди. Долната вилица и забите исто така имаат мешавина од карактеристики, но се повеќе слични на неандерталците, објаснува Вебер.

Слични Вести
Menu