Ако сте љубители на ретро мода, тогаш веројатно ќе го прегрнете и овој тренд, кој беше актуелен во 90-тите.
Елечињата се вратија на модната сцена, но дури и во ист контекст – во комбинација со деловни панталони и на голо тело.
Ова е еден од оние трендови кои или можете и умеете да ги носите, или не.
Ако сепак се охрабрите ова лето да имате ваква комбинација, не претерувајте со деталите. Можете да ставите дискретен накит, некоја убава свилена марама или пак ништо.
Од модели со високо V-деколте, до оние со заоблен израз кај градите, елечињата се наменети за оние што немаат проблем да експериментираат со модата и да го истакнат своето тело во едно поинакво издание.
Ако имате убаво извежбани раце со дефинирани мускули, со овој тренд ќе дојдат уште повеќе до израз.
Доколку не сте сигурни како да го носите, погледнете ги предлозите во продолжение.
fashionel.mk