Oсудени на 10 и 6 години затвор поради танц на “Тик Ток”

Веста доаѓа од Египет. Две девојки се снимале како играат за ТикТок мрежата, нималку провокативни ако судиме во контекст на тоа што се’ може да се види на социјалните мрежи. Сепак, овој танц ќе го платат и со пари и со слобода.

Имено, кривичниот суд во Каиро неодамна одлучи девојките Ханен Хосам и Мавада Аладам да ги казни со затворска и парична казна. Ханен е осудена на 10 години затвор, и казна од 200.000 египетски фунти, односно преку 10.000 евра. Другата девојка и уште тројца се осудени на шест години затвори и парична казна во истата вредност. 

Сите петмина се теретат за трговија со луѓе, бидејќи како пренесуваат египетските медиуми, профилите на социјалните мрежи биле создадени за да ги охрабрат младите жени да се приклучат на платформите за споделување видеа со несоодветна содржина, односно ги сметаат за подведувачи.

Ханен и Мавада се уапсени минатата година и биле во притвор до јули минатата година, откако Економскиот суд во Каиро ги прогласил за виновни за прекршување на египетските семејни вредности и поттикнување разврат. 

Сепак, обете казни за разврат биле укинати на почетокот на оваа година и Хосам беше ослободена во февруари, за потоа да се поведе постапката за трговија со луѓе, додека Ал-Адам  како пренесува сајтот „Egyptian Streets“ сепак останала во притвор”.

Инаку, откако беа обвинети за поттикнување разврат и трговија со луѓе, нивните апсења предизвикаа бурни реакции од групите за човекови права и феминистичките активисти, кои ги обвинија египетските власти дека со своите постапки таргетираат жени од сиромашни семејства казнувајќи со нејасни законски прописи како што е “кршење на семејни вредности“. 

Откако беа обвинети за поттикнување разврат и трговија со луѓе, апсењата предизвикаа критики од групите за човекови права и феминистичките активисти кои ги обвинија властите за насочување жени од семејства со ниски примања со нејасни законски кодови како што се „кршење на семејните вредности”.

Инаку, Египет во 2018 година го активираше законот за „сајбер криминал“, во кој се вели дека ќе се казнуваат однесувања и дејности кои ги прекршуваат семејните вредности, без да конкретизираат параметри за тоа што спаѓа во такво кривично дело.

Активистите трвдат дека токму тие нејасни законски прописи доведуваат до неправеден третман на жените, со што и нивните тела се во „сопстеност“ односно под надзор на власитите.

Без оглед на нивните пораки, египетските медиуми пренесуваат дека изречените казни за жените се конечни и дека не може да подлежат на жалба и покрај тоа што една од осудените ги молела судиите за милост, псочувајќи дека не направила ништо лошо.

You might also like
Menu