Париз елиминира 140.000 паркинг места за да посади дрвја

Управата на Париз донела одлука да отстрани 140.000 паркинг места и на тој простор да засади дрвја. Според првобитните планови би требало да се отстранат 70.000 паркинг места, со цел да се ослободи простор, посебно во тесните и станбени улици. Сето тоа е планирано со цел зголемување на користењето на еколошки прифатлив превоз. „ Мора да садиме зеленило за да се прилагодиме на забрзаните климатски промени. Сакаме воздухот да биде почист, но и да им овозможиме на нашите сограѓани убав јавен простор, бидејќи многумина живеат во мали станови“, неодамна изјавил заменк градоначалникот на Париз, David Belliard. Поради новиот план, „Елисејските полиња“ ќе станат урбана градина. сите места кои биле предвидени за автомобили, ќе станат зелени површини, а граѓаните ќе можат да се вклучат и да даваат предлози за тоа како сакаат да изгледа овој простор.

Париз интензивно работи на создавање „позелен“ град. Пандемијата на корона вирусот ги покажа сите придобивки од намалувањето на загадувањето по животната средина и јавното здравје. На некој начин, тоа придонесе за забрзување на активностите во реализацијата на „зелените планови“.

You might also like
Menu