Србин преживеал напад на ајкула

Немања Спасојевиќ кој живее во Сан Франциско и чија нога завршила во устата на големата бела ајкула, за aмериканските медиуми ја опишал почетната болка како „да го каснал комарец“.

Иако првичната болка во ногата му била минимална, Спасојевиќ брзо сфатил дека има сериозна рана откако запливал назад кон брегот, а костумот за нуркање му бил исполнет со крв.

Спасојевиќ нуркал по ракови од брегот од државната плажа, на околу 18 милји од Сан Франциско, кон брегот на округот Сан Матео кога наишол на ајкулата. Само што одлучил да се врати кон обалата, наишол на област со ракови под него. Тогаш тој се упатил кон површината за да земе здив  кога почувствувал болка во ногата, а потоа ја видел ајкулата. Иако не можел да ѝ го види телото, тој погледнал директно во нејзините очи и нос. Во тој момент почнал избезумно да бега кон карпите.

Скоро 21 час по каснувањето, Спасојевиќ можел да оди и бил пуштен од болницата.

Тој вели дека се смета себеси за среќен. „Острите заби на ајкулата се како жилет и лесно влегуваат во кожата. Покрај тоа, јас сум благодарен на сите што реагираа, јас сум исто така многу благодарен на ајкулата која беше нежна и не нападна повторно. На крајот на краиштата, океанот е нејзиниот дом, а ние сме само посетители“, заклучи Спасојевиќ.

Слични Вести
Menu