Најголемата супер јахта станува реалност

Најголемата супер јахта во светот набргу ќе стане реалност како капацитет со 39 стана за почетна цена од скромни 11 милиони долари.

Со импресивни 728 стапки, супер јахтата со име „Сомнијо“ треба да биде најголемата јахта во светот и според должина и според обем по лансирањео во 2024 година, пренесува Си-ен-ен.

Супер јахтата „Сомнијо“, што на латински значи „сон“, е дизајнирана од компаниите „Винц х дизајн“ и „Тилберг дизајн“ од Шведска, а треба да ја изгради норвешкиот дизајнер и бродоградител ВАРД за цена од речиси 600 милиони долари.

Гигантското пловило ќе располага со 39 апартмани на шест ката, како и ресторани и барови.

Сепак, постапката за купување е само со покана или препорака, а почетните цени на становите се повеќе од 11 милиони долари.

Портпаролот на проектот за „Си-ен-ен травел“ потврди дека некои станови се веќе разграбани.

Беше објавено дека идентитетот на сопствениците ќе се чува во тајност и дека секој од 39-те апартмани ќе содржи специјални функции базирани на желбите на купувачот.

„’Сомниjо’ ќе биде единствената супер јахта за живеење во светот и е дизајнирана да почитува стандарди што се сразмерни со секојдневното живеење“, рече капетанот на јахтата, Ерик Бреде.

Слични Вести
Menu