Неда Украден со длабок шлиц

Пејачката избра фустан што ја истакна нејзината беспрекорна фигура!

Неда Украден успешно одржува беспрекорна линија и неодамна зборуваше за тоа како успеала да го отстрани вишокот килограми за краток временски период:

– Решив да ослабам со липосукциска диета. Пиев здрави шејкови на секои четири часа и претежно јадев месо и многу салата. Исто така, сакам да готвам риба, така што таа често е на моето мени. За кратко време ослабев четири килограми и сега сум целосно задоволна од својот изглед – изјави неодамна таа.

А и како да не е задоволна, кога изгледа прекрасно.

На настан за промоција на нова песна, пејачката избра долг праска боја фустан со блескав сјај, а впечатлив беше деталот во форма на златен ланец околу половината. Покрај тоа, фустанот има длабок шлиц, од двете страни со што Неда докажа дека овој модел на фустан може совршено да одговара на секого, и дека возраста е навистина само бројка.

Слични Вести
Menu