Некои од најголемите холивудски заводници на сите времиња морале добро да ја кријат својата голема тајна. Иако се спојувале со бројни преубави глумици со кои дури и стапувале во брак, тие поточно сакале – мажи.
Холивудските студија со кои потпишувале строги договори ги присилувале на двоен живот во кој имало место само за жени, и во поголем случај студиото им го правел изборот.
Така Рок Хадсон на почетокот на 60-те на премиери и доделување награди доаѓал рака под рака со разни лепотици, но и во друштво на својот дечко кој исто така имал женска придружба.
“Никој со грам памет во глава тогаш не “излегувал од ормар“. Тоа беше смртна казна за кариерата. Сите се преправавме дека сме хетеросексуалци. Еднаш на премиера го сретнавме Пол Њумен и неговата сопруга Џоан Вудвард. Не погледна и се насмеа. Знаеше дека Рок и јас овде сме заедно. Сите на тоа се смеевме“, открил Ли Гарлингтон за кого Хадсон во една прилика рекол дека е љубовта на неговиот живот.
Средина на 50-те за магазинот Confidential агентот на Хадсон најавил дека ќе ја објави приказната за неговата хомосексуалност, но Вилсон успел да го спрече објавувањето откривајќи им доверливи информации за своите други два клиенти.
Еден од нив бил Таб Хантер. Плавоок и русокос лепотан бил еден од првите големи тинејџерски ѕвезди во САД, слика и прилика згодно момче од сосетство и симбол на американска мажественост.
На врвот на кариерата медиумите пишувале за неговата врска со Натали Вуд и Деби Рејнолдс но Таб подоцна во документарецот “Tab Hunter Confidential” открил како тие врски биле наместени. Бил геј во време кога холивудската машинерија била непријателски настроена спрема хомосексуалците. Исто така морал да ја крие својата сексуалност како и врска со глумецот Антонио Перкинс и лизгачот Рони Робертсон.

Својата врска ја криеле и Кери Гранд и Рандолф Скот. Славни глумци кои се запознале 1932 година на сет на филмот “Hot Saturday”.
Веднаш после тоа почнале да живеат заедно и 12 години делеле куќа во Санта Моника и резиденција во Лос Ангелес.
Студиото Парамонт 1934 година му наредило да се ожени со Верџинија Черил, но бракот траел само 13 месеци, а Кери се вратил на соживот со Скот.
Еден од ретките глумци кој не криел дека го привлекуваат и мажи бил Марлон Брандо. Холивудска урбана легенда вели дека ја одбил Софија Лорен и Елизабет Тејлор, но не и Рок Хадсон и Џејмс Дин.
“Исто како и голем број мажи и јас имав хомосексуално искуство. Не се срамам од тоа. Никогаш не сум обрнувал многу внимание на тоа што мислат луѓето за мене, но ако постои некој кој е верува дека Џек Николсон и јас сме љубовници – нека продолжат да веруваат во тоа. Тоа мене ми е забавно“, рекол Брандо 1976 година во едно интервју.