Магична свадба на зајдисонце

Официјално е! Поп-ѕвездата Гвен Стефани и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон изгледаат среќно вљубени додека позираат на зајдисонце откако го врзаа јазолот на интимна венчавка во неделата, 4 јули.

Поп ѕвездата (51) заблеска во шик комбинација на корсет и балско здолниште од тул, креација на Вера Ванг, на церемонијата на ранчот на кантри-пејачот во Оклахома.

Според „Пипл“, на превезот на невестата рачно извезени се имињата на Гвен и Блејк, како и имињата на нејзините синови Кингстон Џејмс Мек Грегор (15), Зума Неста Рок (12) и Аполо Боуви Флин (7).

Втората венчаница на Гвен е кратка варијанта од долгата верзија – свилен креп во комбинација со каубојски чизми од Ле Сила и пократок превез украсен со цветни апликации .

На една од фотографиите од венчавката споделени на Инстаграм во понеделникот, Стефани и Шелтон се бакнуваат пред прекрасната торта.

Слични Вести
Menu