Сузана Манчиќ отворено за својот брак со гркот

Сузана Манчиќ признава дека се радува на секој ден. Се насмевнува и гордо чекори низ животот. Заедно со нејзините ќерки Наталија и Теодора, таа се чувствува уште помлада, а нејзиниот сопруг Симон и е голема поддршка.

Сузана неодамна се врати од романтично патување, а сега ги откри деталите:

– Се чувствувам навистина добро. Со нетрпение чекам да летам, да патувам. Неодамна се вратив од Москва и животот полека се враќа во нормала. Точно е дека патувањето стана многу комплицирано поради големиот број проверки, тестови, но полека, сè може да се постигне – потенцираше Сузана Манчиќ.

Дали Симон ве одведе на романтично патување?

– Беше многу емотивно и романтично. Мојата помлада ќерка е родена во Москва, на нивниот национален празник на 12 јуни. Таа ја напушти Москва како бебе и немаше поим каде живеевме. Мојата желба беше ова патување да и биде подарок за роденденот. Да ги посетиме сите адреси што ни беа важни во тоа време: болницата во која таа се роди, куќата во која живеевме и црквата каде што беше крстена. Беше навистина прекрасно. Останатите денови ги искористивме да го обиколиме градот кој е прекрасен. Не сум бил 15 години, а Москва е толку чиста. Сè свети.

Како е да се живее на релација Белград-Атина?

– Многу тешко. Отсекогаш било така, но сега особено поради условите за патување. За последната година, јас и сопругот се договоривме да доаѓаме еднаш месечно, седум дена … А, јас секогаш сумво карантин. Ме тестираат три пати. Но, добро. Она што мора да се направи не е тешко. Се надевам дека нема да треба да го сториме тоа наскоро.

Зошто никогаш не донесовте одлука трајно да се преселите таму?

– Па, доцна е. Да го сторев тоа на почетокот на нашата врска, можеби ќе успееше. Но, Симон е добар психолог. Веднаш ме процени и ми рече: „Знаеш што, тука ќе ти биде досадно страшно и ќе ме оставиш после шест месеци“. Тој сфати колку енергија имам, колку ја сакам мојата работа, колку се важни моите пријатели, околината … Ја сакам Грција, сакам да одам таму. Веројатно како одминува времето, јас сигурно ќе поминувам подолги периоди во Атина, но Белград е мојот град, Србија е моја земја и не верувам дека би можела да живеам на друго место.

Компромисите постојат во бракот?

– Па, тие мора да постојат. Инаку ништо од тоа.

Како издржувате да не го гледате толку долго?

– Првио удар од корната кога бевме заклучени со месеци, не се видовме 107 дена. И кога пристигнав во Грција, тој се приближи до автомобилот и ми рече: „Манчиќ, не сме се виделе 107 дена“. Тогаш сфатив колку се сакаме.

Дали е пожелно парот да живее во различни градови за да може брак да функционира добро?

– Двајцата сме во втор брак и во зрелоста не е проблем. Да бевме помлади, веројатно немаше да функционира.

Дали ти е жал што не си го сретнала Симиќ порано, да основаш семејство со него?

– Секој си има своја судбина. Мое беше да го запознаам подоцна. Можеби иподобро. Имам прекрасни деца и засекогаш сум му благодарна на мојот прв сопруг за тоа. Да бидеме живи и здрави.

Слични Вести
Menu