(ВИДЕО) Заборавена снимка: Тито и Киро Глигоров со џет сетот на Холивуд

Повозрасните македонски граѓани сигурно се сеќаваат на улогата на поранешна СФРЈ во светските политички текови и големото меѓународно влијание на тогашниот претседател Јосип Броз Тито.

Македонија беше дел од оваа заедница на држави, а тогашните политички функциониери од земјава уживаа статус на ВИП личности при дипломатските патувања во странство.

Доказ за големиот меѓународен углед на СФРЈ е и оваа снимка од тогаш популарните Филмски новости на која можат да се видат Тито и поранешниот македонски претседател Киро Глигоров во друштво на Френк Синатра, Рок Хадсон, Кирк Даглас, Чарлтон Хестон и многу други холивудски ѕвезди од тоа време.

Слични Вести
Menu