Потрошила 23.000 евра на пластични операции

Инфлуенсерката и модел Селин Сентино е позната по фактот дека буквално го променила личниот опис, а сѐ благодарение на пластичните операции во кои вложила 23.000 евра.

Селин сега на своето тело и атрактивниот изглед изградила кариера и заработува вистинско богатство – признала дека на само една разголена фотографија заработува повеќе од 120.000 фунти.

Меѓутоа, 26-годишната инфлуенсерка од Цирих вели дека веќе седум години е сама и дека има проблем да пронајде момче. Селин верува дека мажите се премногу нервозни и исплашени да ѝ се додворуваат, а причина за тоа е бидејќи е премногу убава.

– Излегувам со пријатели, мажите ме јадат со погледот, но кога ќе возвратам со насмевка за да ги охрабрам, тие никогаш не ми приоѓаат – се пожалила Селин за „Сан“.

Открива дека кога е излезена во ноќен клуб, момчиња ѝ приоѓаат и започнуваат разговор со неа, но со само кога се пијани.

– Оние кои пак, ќе соберат храброст да ме поканат на состанок се толку нервозни што со нив тешко се разговара. На почеток се малку срамежливи и плашливи, но кога ќе почнеме да разговараме и ќе видат дека сум ок, малку се опуштаат. Момците секогаш велат дека имам силна аура и дека кога ќе влезам во просторија можат да е почувствуваат и без да ме видат, вели Селин.

Додава дека нема посебен тип на маж кој ја привлекува, но сака момчето да биде повисоко од неа, да е духовит и да може да ја насмее.

You might also like
Menu