(ФОТО)Во каков гламур живеат Жељко и Јована?!

Добро познатата брачна двојка Јована и Жељко Јоксимовиќ живеат во вила во Сењак од 2,5 милиони евра.

Јоксимовиќ со години живееше во стан во Врачар, кој бил во негова сопственост уште пред да се ожени со Јована. А, откако нивното семејство се прошири, тие одлучија да купат куќа.

– Вилите на Сењак се секогаш скапи, а оваа е меѓу најскапите и најлуксузните. Има повеќе од 20 хектари земја, што е огромна површина за Сењак, а куќата е направена и опремена според највисоките стандарди. Тие ја купиле од нивни добри пријатели. 

Јоксимовиќ долго време сонувал да има куќа со двор за деца, а кога Јована се породи, дефинитивно сфатиле дека им треба повеќе простор. Од секогаш им се допаѓала вилата на своите пријатели, а кога слушнале дека ја продаваат, веднаш посакале да ја купат – тврди извор за „Информер“.

Слични Вести
Menu