Oвој осторв е оддалечен 30км од Сао Паоло, Бразил и од воздух изгледа зачудувачки убаво со изобилство на зелена вегетација, прекрасно карпесто крајбрежје, опкружено со чисто море.
Змискиот остров не го добил тоа име поради формата туку затоа што е дом на најсмртоносните змии на светот, од кои ги има буквално илјадници.
Нема место на земјата каде што концентрцијата на отровни змии е поголема, истакнуваат научниците. Бидејќи нејзината површина е само 0,45 квадратни километри, пресметката е јасна, таму не само што сигурно ќе видите змија, туку ќе видите стотици од нив, односно по една змија на секој метар земја.
Не е ни чудно што луѓето не живеат на тој остров, а единствениот доказ за постоењето на човекот е светилникот, изграден за да се зибегнат бродоломи. Но во раните 1900ти на островот живееле одговорен човек. Според егендата, последниот чувар на светилникот и неговото семејство не преживеале, бидејќи змиите, наводно влегле во нивниот дом преку отворени прозорци.
Друга застрашувачка приказна е за рибар чиј брод се насукал на бреговите на островот, па морал да слезе. Додека се обидувал да собере банани, змиите скокнале од дрвото. Во обид да избега на брегот тој наводно бил каснат повеќе од десетина пати.
Змиите се хранат со птици , но за да добиете каснување од човек важно е да знаете дека отровот на златната змија буквално го рствора човечкото месо на местото на каснувањето и е дури пет пати посилен од отровот на копнената змија. Смртоносниот вид кој локално се нарекува “Илха де Квеимада Гранде” е прилично непознат а причината лежи во фактот дека овој остров е единствениот дом. Таа има прекрасна златна боја а главата и е во форма на копје. Тоа семејство на змии е одговорно за околу 90 проценти од сите смртни случаи во Бразил.
Цената на една змија наводно се движи од 10 до 30 илјади долари. Отровот на златната змија покажал фармацевтски потенцијал на претходните тестови и веќе се користи при производство на лекови за намалување на крвниот притисок, а се верува дека може да се користи и за спречување на згрутчување на крвта, срцеви заболувања и проблеми со циркулацијата.
Според една легенда, златната змија стигнала до островот благорадение на пиратите кои сакале да го задржат своето скриено злато. Тие не знаеле дека змиите ќе се размножуваат на таков начин што богатството ќе стане недостапно за нив, но историчарите велат дека оваа приказна е само мит.