Студената вода изгледа како идеален избор кога сакаме да се оладиме, но навистина само си правиме лошо на телото!
Ако некој ве праша кој е најдобриот начин да се разладите за време на жешките летни денови, веројатно би одговориле без размислување – со ладна вода.
Иако повеќето од нас посегнуваат по најздравиот пијалок, но во ладна верзија, експертите предупредуваат дека ова само си штети на самите себе.
Имено, студената вода влијае на контракција на крвните садови, па затоа хидратацијата на организмот е многу побавна од вообичаеното.
Уште полоша варијанта е ако сте јаделе пред да ја испиете таа чаша ледена вода – варењето ќе биде многу побавно поради собраните крвни садови.
Ова не е единствениот недостаток на ладна вода. Кога крвните садови се стеснуваат, на телото му е потешко да ги апсорбира хранливите материи што ни даваат енергија, поради што постојната енергија се користи за регулирање на температурата во телото.
Ова дури може да доведе до дехидратација, што е сосема спротивно на ефектот што сакаме да го постигнеме.
Конечно, тука е факторот на шок. Ако сте жешки затоа што трениравте или поминувате долго време на сонце, дефинитивно не треба да посегнувате по ладна вода.
Големата разлика во телесната температура и температурата на водата што ја внесувате е шок за дигестивниот тракт, кој нема да може да го апсорбира.
Исто така, некои луѓе пријавиле хронична болка во стомакот после пиење ладна вода во такви ситуации.
Се разбира, ова не значи дека треба да пиете топла вода, туку онаа на умерена, најдобра собна температура. Ќе ве освежи побрзо, иако не изгледа така.
Кога станува збор за хидратација, водата за тоа е најдобра, а секој од нас има различни преференции па така некој пие топла, а некој ладна вода.
Стомакот, како и нашето тело воопшто различно реагира на топла и ладна вода која различно делува на варењето, циркулацијата па дури и за главоболката. Кога станува збор за хидратација, тука нема разлики.
Пиењето на топла вода па дури и ладна во одредени моменти е добро, а еве како и кога треба да ги консумирате.
Водата на собна температура ќе ни ја изгасне жедта
Ќе бидете помалку жедни кога пиете ваква вода, а покрај тоа ќе се хидрирате.
Иако топлата вода подобро ќе ве хидрира, нп после напорен тренинг напијте се ладна вода доколку сте загреани и испотени.
Топлата вода помага во варењето
За подобро варење пијте топла вода. Во кинеската медицина оваа вода посебно се препорачува за варењето. Ладната вода може да ги згусне мастите и да ја отежни работата на органите за варење.
Ладната вода може да предизвика главоболка
Едно истражување покажа дека ладната вода може да ви зададе главоболка и да ги зголеми шансите за мигрена.
Водата на собна температура го забрзува метаболизмот
Се зголемува вашата телесна температура и со самото тоа помогнува во согорувањето на калории.