Хрватите со мошне интересен начин направија вистинска атракција со која се повеќе ќе ги промовираат своите богати сортни вина. Новиот начин всушност претставува складирање на шишина вино во Јадранско море на длабочина од 18-25 метри. Ова овозможува да се одржи константна температура од 15-17 степени Целзиусови и во период од 2 години , колку што е одлежано секое шише , се развива еден уникатен вкус со блага арома на бор.
Шишињата се складираат во специјално направена амфора и се затворени со двоен восочен слој што не дозволува надворешните фкатори да влијаат врз вкусот на виното.
Винаријата “Едиво вина” која го воведе овој иновативен начин на одлежување на виното, нуди и една авантуристичка понуда каде што посетителите ќе може да нуркаат и сами да си одберат шише вино.
извор/фото: агенции