Спречете го белеењето на косата со витамини

Ако ти кажеме дека со здрава исхрана поддржана со суплементи ќе успееш да спречиш косата да ти побеле, би ги сменила ли своите животни навики? Од сите страни си бомбардирана со информации дека животниот стил и храната се клучни фактори за да останеш убава и здрава, но колку си сигурна дека твојата здрава порција те снабдува со дволно витамини и минерали?

Дефицитот на клучните хранливи материи води до низа заболувања, но води и до промена на физичкиот изглед на кој ниту една жена (а богами и маж) не останува рамнодушна. Предвременото побелување на косата е една од промените кои се должат на дефицитот на витамини и минерали.

Пиродниот процес на побелување на косата стартува околку 50-тата година, кај некои и порано, но секое побелување пред 30-тата се смета за предвремено.

Предвременото белеење на косата се должи на 3 клучни фактори: Гени, Животен стил и Надворешни фактори. Надворешни фактори кои поттикнуваат белеење на косата:

  • Загаден воздух
  • Цигари (пушачите се изложени на двојно поголем ризик да побелат пред да наполнат 30)
  • Воспаление од алергија
  • Воспаление поттикнато од микроби
  • УВ радијација
  • Психосоцијален стрес
  • Слаба исхрана

Голема е листата на витамини и минерали кои во дефицит можат да поттикнат побелување на косата, но се чини дека клучни се стабилните нивоа на:

ЦИНК

Цинкот е минерал одговорен за заштита на клетките и ДНК од агресорите како слободните радикали кои поттикнуваат оксидативен стрес, од овие причини луѓето честопати го доживуваат како лек против настинка. Цинкот му помага на телото да создава протеини. Недостигот на цинкот во телото го чувствува и скалпот. Цинкот е уште еден минерал кој влијае на целиот процес на раст на косата. Кога не внесувате доволно цинк, косата расте побавно, станува потенка, кршлива и го губи пигментот.

Најдобри природни извори на цинк се: црвено месо, риба, школки, семки од тиква.

ВИТАМИН Д

Прва асоцијација за витаминот Д се коските. Витаминот е клучен за нивниот раст, правилен развој и здравје. Од неговото полезно дејство корист имаат бубрезите, мозокот, имунитетот. Витаминот Д е неопходен и за апсорпција на калциумот.

Сите овие факти помалку или повеќе ви се познати. Но, дали знаевте дека витаминот Д влијае и на косата? Луѓето кои предвреме се соочуваат со седа коса, најчесто имаат недостиг на витамин Д. Ваквото откритие потврди дека витаминот има влијание на продукцијата на меланин во фоликулите.

Фазата на раст на косата не стартува без витамин Д. Всушност, и луѓето кои се соочуваат со алопеција имаат ниско ниво на витамин Д.

Ако доволно долго се изложувате на сонце, телото само ќе произведе витамин Д. Но, ако имате потемна кожа и ретко сте надвор, реагирајте со суплемент.

Најдобри природни извори на витамин Д, покрај сонцето се: месото, живина, млечни производи, масна риба како скуша или лосос, јајца, печурки и квасец.

ВИТАМИН Ц

Пожелен е во секоја ситуација или поточно неволја поради тоа што делува како антиоксидант. Во конкретниов случај ќе се погрижи за оксидативниот стрес кој е водечка причина за предвремено белеење на косата.

Оксидативниот стрес предизвикува дебаланс – армијата антиоксиданти е послаба во однос на слободните радикали кои ги напаѓаат клетките и на тој начин го стареат телото и поттикнуваат болести.

Фоликулите на косата се особено подложни на оштетување од слободните радикали. Самиот процес на раст на нова коса што се одвива во внатрешноста на фоликулот генерира сопствен оксидативен стрес.

Истражувачите кои ги прочувале фоликулите на луѓето со побелена коса, откриле дека тие имаат високо ниво на оксидативен стрес и силни докази кои укажуваат на апоптоза или клеточна смрт на меланоцитите кои ја даваат бојата на косата.

СУПЛЕМЕНТОТ

Dr. Viton Zinc Direct – Vitamin C + D3, една ќесичка во денот и сте завршиле работа. Оваа специјално дизајнирана формула ќе работи директно на имунитетот ослободувајќи ги клетките од оксидативен стрес на кој се должи и предвремената седа коса.

Dr. Viton Zinc Direct – Vitamin C + D3 суплемент кој ќе ве разубави без да забележите.

You might also like
Menu