Откако минатата година за роденденот се пофали дека изгубила повеќе од 40 килограми, странските медиуми се натпреваруваат да ја сликаат пејачката Адел. Сепак, таа скоро целосно се повлече од јавната сцена и ретко можеме да ја видиме на јавни настани.
Сепак, таа направи преседан, појавувајќи се на петтиот натпревар од финалето на НБА во Феникс. Носеше црни фармерки и сандали со високи потпетици, а иако носеше палто од животински принт, беше јасно дека Адел изгледа подобро од кога било.
Таа седеше скоро до теренот, во друштво на Рич Пол, спортски агент кој ја претставува легендата на кошарката Леброн Џејмс, и цело време со навивачки реквизит го бодреше Санс.
