(ВИДЕО)Бикини маски за пливање, нов тренд на плажа

Во медиумите многу се води полемика околу заштитата на кожата, како и за бројните акции кои за цел имаат подигнување на свеста за штетноста на директната сончева светлина на кожата.

И додека девојките во западните култури носат минијатурни бикини и се сончаат на плажите топлес или целосно голи, во Кина жените сериозно ги слушаат советите на експертите кои велат да не се изложуваме на сонце во текот на критичните делови од денот.

Ваквите маски се нарекуваат „фејскини“, а жените ги носат за да го заштитат лицето од сонце.

Маската „Фејскини“ е направена уште во 2004 година, а истата е дело на жена по име Жанг Шифан. Откако ја направила оваа необична маска, Шифан се прославила и ја напуштила работата како сметководител, а „Фејскинито“ станало тренд во Кина.

Жанг тврди дека маските за глава се одлични бидејќи освен што ја штитат кожата од сончевите зраци, овозможуваат и заштита од инсекти, песок и медузи.

Ова бикини за лице го смислила сопственичката на продавницата за костими за капење Жанг Шифран уште во 2004 година затоа што жените во Кина сакале светла кожа, а изложувањето на сонце ги прави потемни.

Цената на ова бикини за лице варира од 2 долари за поедноставните до 24 долари за оние нешто полуксузните.

You might also like
Menu