Славниот холивудски актер Силвестер Сталоне на Instagram објави фотографија од трите ќерки Скарлет, Систин и Софија, со интересен коментар.
„Јас сум многу среќен човек кој има прекрасни, сакани деца кои ми донесоа голема радост. Сега би сакал да престанат да растат толку високо“, се пошегува актерот во описот на семејната фотографија, на која изгледа како девојките да се повисоки од него.
Сталоне изгледа одлично во друштво на неговите прекрасни ќерки. Фотографијата веќе има скоро милион лајкови и комплименти за актерот кој се гордее со неговите деца.