Во Дубаи деновиве беше направено вештачко невреме со дронови за градот да се излади од горештините, кои достигнуваат над 50 степени. Во Обединетите Арапски Емирати речиси никогаш не врне дожд, па властите решија да направат проект со кој ќе го разладат воздухот, пренесува Дејли мејл.
Државата неодамна вложи 15 милиони долари во проектот со кој преку дронови ќе може да влијае на времето. Дубаи користејќи ја оваа технологија со дронови, успе да направи да падне вештачки дожд. Имено се спуштаат дронови во облак кој испушта сребрени диоди, создава електрично празнење и почнува вештачко невреме.
Емиратите важат за едни од најуспешните земји во светот, а бидејќи дроновите покажале одлични резултати во разладувањето на Дубаи, се очекува да се користат се повеќе во иднина и оваа технологија да го зголеми дождот на годишно ниво.
https://reporter.mk/?jwsource=clhttps://reporter.mk/?jwsource=cl