Џенифер Лопез ја објави првата фотографија со Бен Афлек

Џенифер Лопез го прослави 52.роденден и на социјалните мрежи објави неколку фотографии од роденденскиот одмор. Џеј Ло на фотографиите позира во костим за капење, а на една од нив е заедно во прегратка со Бен Афлек со кого ја обнови врската по разделбата со сопругот Алекс Родригез.

Ова е прва фотографија од славната двојка заедно што ја објавува Џенифер Лопез на својот профил.

Фотографиите брзо добија многу лајкови и позитивни коментари од нивните фанови.

„Со оваа фотографија потврдивте се“, „Изгледаш многу среќно“, „Многу сме среќни поради вас“… ова се само дел од коментарите што ги напишаа обожавателите на холивудската ѕвезда.

Џенифер Лопез и Бен Афлек иако неколку пати беа фатени од папараците како шетаат заедно прегрнати и се бакнуваат, сепак тие досега јавно не ја обзнанија својата врска ниту пак објавуваа заеднички фотографии.

Славните актери беа верени во 2002 година, но една година потоа ја откажаа венчавката, а во 2004 година објавија прекин на долгогодишната врска. По 17 години и по еден неуспешен брак зад себе, Џенифер и Бен повторно се среќни заедно.

Сепак сега откако ја оновија врската се чинидека љубовта и годи на Џеј. Ло , а насмевката не ја трга од лицето.

Слични Вести
Menu