Внуката на принцезата Дијана се омажи за 32 години постар милионер

Леди Кити Спенсер се омажи за јужноафриканскиот мултимилионер, 62-годишниот Мајкл Луис, во саботата, а денеска ги објави првите фотографии од венчавката на Инстаграм и ја покажа својата раскошна венчаница.

„Љубов, засекогаш“, напиша убавата Кити во описот на фотографијата со нејзиниот сопруг.

Таа исто така објави фотографија на која позира и им се заблагодари на дизајнерите. Нејзината раскошна венчаница беше целосно во тантела, а со тоа и Кити носеше долг превез.

„Создадовте фустан надвор од моите најлуди соништа за најважниот ден во мојот живот. Не постојат зборови со кои можам доволно да ви се заблагодарам“, напишала внуката на починатата принцеза Дијана.

Нејзините следбеници во коментари ѝ порачаа дека изгледа неверојатно и ѝ го честитаа  бракот, посакувајќи ѝ сè најдобро во брачниот живот.

Инаку, свадбената церемонија се одржа во луксузната вила „Алдобрандини“ во Рим, Италија.

Леди Кити се омажи за Мајкл по тригодишна врска, а претходно беше во врска со друг постар човек, магнатот Николо Баратиери ди Сан Пјетро, ​​кој ја остави во 2017 година поради романсата со актерката Лиз Харли.

На раскошната венчавка присуствуваа нејзините сестри и браќа, припадници на благороднички семејства, и многу славни гости.

Кити е најстарата ќерка на братот на принцезата Дијана, Ерл Чарлс Спенсер, од бракот со неговата прва сопруга.

Кити носеше пет венчаници во текот на свадбената церемонија, а сите беа со потписот на италијанскиот моден бренд „Долче и Габана“. Кити, меѓу другото, е и амбасадорка на овој луксузен моден бренд.

Нејзиниот сопруг, Мајкл Луис има три возрасни деца од првиот брак. Тие се во врска од 2018 година.

Слични Вести
Menu