Дали знаете колку е високо највисокото дрво на светот?

  • Ова дрво секвоја, позната под името Хиперион се наоѓа во Националниот парк Редвуд во Калифорнија, но точната локација се чува во тајност, за дрвото да биде заштитено од злонамерни луѓе.
  • Хиперионот е откриен на 25 август 2006 година од научниците Крис Аткинс и Мајкл Тејлор во многу зафрлен дел од Националниот и државниот парк Редвуд во Калифорнија. Се верува дека е старо околу 700-800 години.

За да можат да ја измерат висината на Хиперионот, научниците морале, со многу комплициран метод да се искачат на самиот врв на дрвото и да спуштат јаже на земја. На овој начин измерено е дека Хиперион е висок 115,61 метар, што му донесе титула на највисоко дрво во светот.

Истражувачите веруваат дека дрвото би можело да биде и повисоко од 116 метри, но поради штетата што ја направиле клукајдрвците на неговиот врв, во моментов е запрено на 115,6 метри.

Иако неколку други дрвја биле повисоки од овој џин, повеќето биле жртви на уништувањето на шумите во регионот Редвуд во средината на 1960-тите. Всушност, повеќе од 90% од древните шуми на државата биле исечени до 1978 година, кога просторот е купен и припоен кон Националниот парк. Луѓето тврдат дека илјадници дрвја – од кои некои биле поголеми и повисоки од Хиперион – биле исечени за време на 24-часовна промена на пилите, седум дена во неделата од 1960 до 1970-тите години.

Слични Вести
Menu