Езеро со поглед на море: Чудо на природата што треба да се види во живо

Ова езеро што е посолено од морето е сместено веднаш до еден од најубавите хрватски заливи и создава нереална глетка благодарение на живописните карпи.

Прекрасниот Парк на природата Телашчица е залив во југоисточниот дел на островот Дуги Оток. Опфаќа еден од најголемите и најубавите заливи на Јадранското Море, со многубројни островчиња, живописни карпи и заливи. На западниот брег се наоѓа езерото Мир, кое е посолено од морето, поради подземните канали што го поврзуваат со морето.

Должината на езерото е приближно 900 метри, а најголемата ширина е околу 300 метри. Најголемата длабочина е 6 метри. Ако барате освежување во текот на летото, нема да го најдете таму бидејќи температурата на водата се искачува до 33 Целзиусови степени во текот на летото, така што езерото е потопло од околното море.

You might also like
Menu