Бијонсе и Џеј Зи ќе бидат првите гости во луксузниот дом на Ѓоковиќ на Павловачко езеро

Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи доаѓаат во Србија, како гости кај Новак Ѓоковиќ, ексклузивно дознава Курир.

Поп  ѕвездата и нејзиниот сопруг, кои со години се пријатели со славниот тенисер, пристигнуваат во домот на Ѓоковиќ на Павловачко езеро на крајот на октомври. Спортистот и неговата сопруга наскоро ќе завршат со уредување на семејната оаза помеѓу Рума и Врдник, а брачна двојка од Америка ќе биде меѓу првите гости.

Освен што се пријатели, Новак и еден од најбогатите музичари ги здружија силите и направија заеднички проект. Тие инвестираа во фитнес технологија, односно програмата CLMBR. Станува збор за уред кој симулира вертикално качување, а Новак и Џеј Зи го препознаа потенцијалот за проширување на своите деловни империи.

Слични Вести
Menu