Саманта го држи Гинисовиот рекорд за најголема женска уста во светот

Гинисовата книга на рекорди забележа дека 31-годишната Саманта Рамсдел од Конектикат има најголема уста во светот. Тоа и донесе на Саманта голема популарност на TikTok, каде има 1,7 милиони следбеници.

Устата и е широка 6,52 сантиметри и од минатата недела почна да прикачува видеа на кои се гледа колку храна може да стави во неа.

Таа во моментов го држи рекордот за најголема женска уста во светот.- Совети за сите оние кои имаат нешто необично и би сакале да ја освојат титулата Гинис, направете го тоа. Бидете горди на тоа и направете го вашето најголемо богатство. Тоа е твојата супер моќ. Тоа е она што ве прави посебни и поразлични од сите други – рекла Саманта.

You might also like
Menu