„Перверзен“ одмор на фудбалерите на Јунајтед со 3 убавици: Едната има голо меѓуножје, другите две минијатурни костими за капење

Санчо и Рашфорд привлекле големо внимание поради друштвото кое го имале на плажа.

Штотуку беше промовиран како нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, англискиот репрезентативец Џејдон Санчо заедно со соиграчот Маркус Рашфорд, заминал на Бахамите за да ги „наполни“ батериите пред обврските кои го чекаат во новиот фудбалски клуб.

Санчо за 73 милиони фунти неодамна од Борусија потпиша за Манчестер Јунајтед, а големиот трансфер го прослави така што со приватен авион заедно со Рашфорд замина на островите Туркс и Каикос.

Таму им се придружиле и неколку машки пријатели, меѓу кои и познатиот рапер Крепт, како и три атрактивни девојки кои привлекувале големо внимание.

Британските медиуми пишуваат дека една од нив е Саша Елсе, поранешната девојка на Крепт со која има дете, додека идентитетот на другите две девојки не е познат. Но, едно е сигурно – дека изгледале преатрактивно на плажата.

Две од нив носеле минијатурно бикини, додека пак другата голото меѓуножје го покрила само со ткаенина.

Инаку, неодамна Рашфорд и Санчо беа трагичарите на репрезентацијата на Англија во финалето на ЕП.

Меѓутоа, судејќи по новите кадри од плажата очигледно дека тие лоши денови веќе се зад нив.

Слични Вести
Menu